Почитувани идни сопственици на имот во Комплекс Димитрија
Чест и задоволство ни е да Ве известиме дека преку Нашата Веб страница овозможивме посебен пристап за корисници кој е наменет токму за Вас. Со обезбедување на сигурен и безбеден пристап ке имате можност да ги следите сите тековни активности и да имате увид во Вашиот имот во Комплекс Димитрија. Ке имате можност за преглед и додавање на сугестии, барања... Во продолжение мало појаснување за начин на регистрација и користење на системот
Ке Ви појаснеме во неколку едноставни чекори
1. Потребно е најавување како корисник на следниов линк http://kompleks-dimitrija.com/index.php/users/login
- креирана е листа на корисници согласно информациите дадени од инвеститорот за сопственици на становите според број на стан
- креирани се кориснички имиња за пристап според оваа листа - ве молиме контактирајте преку вибер на 070324007 и побарајте го Вашето корисничко име и лозинка за пристап (повратни информации ке добиете во рок од 1 до 12 часа од контактот)
- секој стан има по едно корисничко име и лозинка (ова е направено за да спречиме евентуални регистрации на непознати или неевидентирани корисници и да ја зголемиме безбедноста и приватноста на информациите)
- по влез во системот имате можност да ги корегирате самите личните податоци од Вашата сметка освен корисничкото име.
- откако ке се најавите во корисничкото мени ке ви се појават додатни менија
- подмени совет на станари - во оваа мени се објавени информации од заедничка природа, новини одржани состаноци записници т.е. материјали кои се од заедничка природа за сите регистрирани корисници станари
- подмени информации - содржи информации од лична природа т.е. информации поврзани само за личниот имот во Комплекс Димитрија (напомена: информациите се обезбедени од инвеститорот и доколку не се совпаѓаат можеме да ги поправие и обновиме.)
- во овој дел информации во иднина доколку биде прифатен и користен од советот на станари ке може да се прикачуваат документи, техничка документација, гаранции, известувања , сметки...
- исто така доколку во иднина системот биде прифатен од советот на станари ке вметниме форум и chat од затворена природа само за членовите на советот каде ке може да се разменуваат искуства сугестии па и одржување на куќен совет on-line без физичко присуство.
- системот е персонализиран и сигурен и останатите посетители на сајтот немаат можност да ги следат или користат информациите од регистрираните корисници , страницата не објавува податоци од лична пририда согласно закон за заштита на лични податоци.
- во делот информации имате можност и за испраќање на сугестии кон инвеститорот , а овој дел ке остане активен до денот на завршување на гарантните рокови поставени од инвеститорот а потоа ке бидат овие контакти заменети со линкови до мајстори, изведувачи ...
Повелете , регистрирајте се и разгледајте ги можностите на системот наменет за советот на станари
со почит од Администратор на сајт www.kompleks-dimitrija.com